За нас

КОНФОРМА ДООЕЛ Скопје е компанија основана во 2008 година. Во рамките на компанијата функционира Центарот за инспекција на возила/КОНФОРМА, како овластено тело за инспекција на возила, односно оцена на сообразност на возилата во однос на европските дириктиви и меѓународните UN-правилници.

На почетокот, по исполнување на сите барања за компетентност на телото, Центарот за инспекција на возила/КОНФОРМА се стекна со сертификат за акредитација за инспекциски тела и овластување за техничка служба за инспекција на возила, издадено од Министертвото за економија на Република Македонија. Во тој период Конформа изведуваше една инспекциска метода за оцена на сообразност (хомологација) на половни возила при увоз во Република Македонија.

Во периодот до денес континуирано се подигнува нивото и обемот на работа. Инвестициите за развој на компанијата се постојани. Посебно внимание се посветува на стручна едукација на вработените, како и набавка на софистицирана опрема за квалитетно и ефикасно извршување на инспекциските методи.

Во момнетов Конформа изведува инспекциски активности на различни локациии во повеќе градови низ државата. Инспекциското тело поседува сертификат за акредитација согласно стандардот ISO/IEC 17020:2012 и овластувања за вршење на инспекциските методи, издадени од надлежните министерства. Организационата поставеност на телото, стручниот кадар и воведените процедури за работа гарантираат висок квалитет на дадената услуга на клиентите.
Вести
05.09.2014

EURO4 товарни возила за увоз

Товарните возила кои се увезуваат во Република Македонија, покрај останатите технички барања, треба...


aрхива
Испитни места
Faq

Потребни документи за атест?

За да извршите атест на возило во Конформа, потребно е да поднесете барање на ...

Повеќе