Новости
EURO4 товарни возила за увоз
Објавено: 05.09.2014
Товарните возила кои се увезуваат во Република Македонија, покрај останатите технички барања, треба да го исполнуваат стандардот EURO4 за издувна емисија на погонскиот мотор. Овие барања треба да ги исполнуваат сите товарни возила од најмалите - категорија N1 (возила со вкупна маса до 3500кг.) до најтешките товарни возила - категорија N3 (возила со вкупна маса над 12000кг.).
EURO3 патнички возила за увоз до 30.06.2016
Објавено: 05.09.2014
Увозот на патнички возила кои го исполнуваат стандардот EURO3 за издувна емисија на погонскиот мотор, завршува на 30.06.2016 година. Од 01.07.2016 година патничките возила (до 8+1 седишта) кои ќе се увезуваат ќе треба да го исполнуваат стандардот EURO4.
Увоз на возила за собирање и превоз на смет
Објавено: 17.03.2015
При увоз на возила за собирање и превоз на смет, во постапка за единечно одобрување (хомологација) возилото може да добие документ за регистрација и со исполнување на пониски стандарди во однос на останатите товарни возила. Со цел да се избегнат забуни нагласуваме дека во оваа група на возила не спаѓаат возилата за превоз на индустриски контењери со вграден хидрауличен систем за подигање со две виљушки и возилата за превоз на контењери со вграден хидрауличен систем за подигање со еден носач со кука и тркала на носечката конструкција на возилото.
Завршува увозот на EURO3 автобуси
Објавено: 02.09.2015
Увозот на автобуси кои исполнуваат стандард EURO3 завршува на 01.11.2015 година. Во наредниот период автобусите ќе треба да го исполнуваат стандардот EURO4.