Потребни документи
За изведување на постапките за инспекција на возила, клиентите доставуваат барање на претходно изготвен образец од Конформа, при што во прилог на барањето ги доставуваат следните документи:
Еинечно одобрување на возила (хомологација)
- Потврда за технички карактеристики
- Фотокопија од сообраќајна дозвола / документ за идентификација �?фактура, сметка
- Доказ за платени царински давачки
Идентификација и оцена на техничката состојба (хомологација)
- Потврда за технички карактеристики со типско одобрување во РМ, COC
- Фотокопија од сообраќајна дозвола / документ за идентификација �?фактура, сметка
- Доказ за платени царински давачки
Одобрување на преправено возило (атест)
- Упатница од МВР
- Фотокопија од сообраќајна дозвола
- Документ за потекло на возилото и/или поодделни уреди �?фактура, сметка (по потреба)
- Одобренија и други документи за дополнително вградените уреди и материјали
Евидентирање промени на возилото
- Потврда за вградување од овластен вградувач
- Фотокопија од сообраќајна дозвола
- Одобренија и други документи за дополнително вградените уреди
Инспекција на аналогни и дигитални тахографи
- Фотокопија од сообраќајна дозвола за возилото,
- Уверение за тахограф (старо),
- Други докази доколку е потребно
Утврдување и втиснување на идентификациски ознаки
Во зависност од конкретниот случај, потребни се некои од следните документи:
- Потврда за технички карактеристики
- Фотокопија од странска сообраќајна дозвола
- Доказ за платени царински давачки
- Фотокопија од сообраќајна дозвола за регистрација во РМ
- Упат за втиснување на идентификациска ознака издаден од МВР
- Одобрение за втиснување на идентификациска ознака издадено од БОМ
Преглед на возило за подготвеност за сообраќај - ЦЕМТ
- Фотокопија од сообраќајна дозвола за возилото
- ЕКМТ Сертификат за сообразност со техничките и безбедносните барања за моторно или приклучно возило
- Уверение за тахограф (за моторно возило)
Проверка на исполнување на техничко-експлоатациони услови на возило
- Фотокопија од сообраќајна дозвола
- Други документи доколку е потребно