Услуги

Центарот за инспекција на возила/КОНФОРМА е овластено инспекциско тело за изведување на следните инспекциски постапки:.

Единечно одобрување на возила (хомологација)

Постапката за единечно одобрување се изведува на возила кои се увезуваат во Република Македонија, пред нивната прва регистрација. На оваа постапка подлежат возилата кои не поседуваат доказ за европскa хомологација ниту имаат типска хомологација во Македонија. Со преглед на возилото и потребната документација се проверува дали поединечните системи на возилото и возилото како целина ги исполнува техничките барања пропишани со националната законска регулатива. За возилата кои ги исполнуваат пропишаните барања се издава Потвда за сообразност на единечно одобрено возило, документ со кој возилото првпат се регистрира во Република Македонија.

 

Идентификација и оцена на техничката состојба (хомологација)

Постапката за Идентификација и оцена на техничката состојба се изведува на возила кои се увезуваат во Република Македонија, пред нивната прва регистрација. На оваа постапка подлежат возилата кои поседуваат доказ за европска хомологација (поседуваат сертификат - Certificate of Conformity). Со преглед на возилото и потребната документација се проверува дали возилото ги исполнува техничките барања пропишани со националната законска регулатива. За возилата кои ги исполнуваат пропишаните барања се издава Согласност за регистрација, документ со кој возилото првпат се регистрира во Република Македонија.

 

Идентификација на возило (хомологација)

Постапката за Идентификација се изведува на возила кои се увезуваат во Република Македонија, пред нивната прва регистрација, и тоа за возила за потребите на:

    • меѓународни и меѓудржавни организации - за службено користење;
    • дипломатски и конзуларни претставништва на други држави во Република Македонија - за службено користење;
    • дипломатски и конзуларни лица вработени во странските претставништва во Република Македонија и членовите на нивните потесни семејства - за приватно користење;
    • државјани на Република Македонија кои се враќаат од постојана или привремена работа или престој во странство, доколку биле во странство најмалку една година без прекин;
    • странски државјани на кои им е издадено одобрение за привремен или постојан престој во Република Македонија;
    • органите на државната управа на Република Македонија, другите државни органи, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија основани од државата, јавни установи, невладини организации регистрирани во Република Македонија и правни лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни функции доколку добиваат донирани возила од државна институција, државен орган, дипломатско-конзуларно претставништво, јавно претпријатие, невладина институција или хуманитарна организација и правно или физичко лице од друга земја;
    • хуманитарни организации за извршување на нивните хуманитарни работи и
    • возила кои пред повторното внесување во Република Македонија, еднаш биле регистрирани во Република Македонија.

 

Одобрување на преправено возило (атест)

Постапката за одобрување на преправено возило се изведува на возила кои се преправени во однос на фабричката изведба, конструктивни преправки на возилото, промена на делови и склопови на возилото и дополнително вградување на делови и склопови на возилото, како што се:

    • промена на надградба на возилото,
    • дополнително вградување или отстранување на седишта,
    • промена на погонскиот мотор со друг тип на мотор кој е предвиден од производителот за вградување во конкретниот тип на возило,
    • утврдување на масени и геометриски параметри на возилото,
    • дополнително вграден уред за погон на ТНГ (плин),
    • дополнително вградување на дупли команди за возила за авто-школа,
    • дополнително вградување на влечен уред (кука) за приколка,
    • дополнително вградување на кран или товарна платформа,
    • дополнително вградување на затемнети фолии.

Со преглед на возилото и потребната документација се проверува дали вградените уреди на возилото и возилото како целина ги исполнува техничките барања пропишани со националната законска регулатива. За возилата кои ги исполнуваат пропишаните барања се издава Потвда за сообразност на преправено возило, документ со кој во сообраќајната дозвола се впишуваат настанатите промени на возилото.

 

Евидентирање промени на возилото

Оваа постапка се спроведува за промени на возилата кои се однесуваат на вградување на одделни системи, делови и опрема што се разликуваат од основно вградените на возилото, а истите се одобрени за вградување во конкретниот тип на возило, како што се:

  • издувни системи,
  • влечни уреди на возилата чија што најголема вкупна маса не надминува 3500kg, со исклучок на трактори
  • спојлери,
  • светлосни уреди
  • други уреди кои се одобрени за вградување во конкретниот тип возило

Со преглед на возилото и потребната документација се проверува дали вградените уреди се одобрени за вградување во конкретниот тип на возило и дали се соодветно вградени. За возилата кои ги исполнуваат пропишаните барања се издава Потвда за сообразност за евидентирање на промени, документ со кој во сообраќајната дозвола се впишуваат настанатите промени на возилото.

 

Инспекција на аналогни и дигитални тахографи

Со оваа постапка се врши проверка на правилното функционирање и точноста на вградените тахографи во возилата. Со преглед на возилото и испитување на тахографот со соодветна опрема се проверува дали уредот функционира исправно и точно. Како излезен документ од постапката се издава Потврда за извршена проверка на тахограф.

 

Утврдување и втиснување на идентификациски ознаки

Оваа постапка се изведува на возила кај кои од различни причини нема или се оштетени идентификациските ознаки на возилото (број на шасија и број на мотор), и тоа:

На возила кои не се регистрирани во Република Македонија:

    • уникатно возило произведено во Република Македонија
    • возила во постапката за единечно одобрување каде идентификациските ознаки се оштетени
    • трактори и тракторски приколки во постапката за идентификација и оцена на техничка состојба

Врз основа на издадено Одобрение за доделување на нова идентификациска ознака од Бирото за метрологија, на возилото се втиснува новата идентификациска ознака.

На возилата кои се веќе регистрирани во Република Македонија, врз основа на упат од Министерството за внатрешни работи, на возилото се  втиснува новата идентификациска ознака.

 

Преглед на возило за подготвеност за сообраќај - ЦЕМТ

Оваа постапка се изведува на возилата за превоз на стоки во меѓународниот сообраќај. Со преглед на возилото и потребната документација се проверува дали возилото ги исполнува техничките барања пропишани со Прирачникот за корисниците на ЕКМТ - мултилатералната квота. За возилата кои ги исполнуваат пропишаните барања се издава ЕКМТ Сертификат за тестот на подговтеност за сообраќај на моторни возила и приколки.

 

Проверка на исполнување на техничко-експлоатациони услови на возило

Со оваа постапка се врши проверка на посебните техничко-експлоатациони услуви кои треба да ги исполнуваат возилата за одделни видови на превоз во патниот сообраќај, и тоа:

    • возила за авто такси,
    • автобуси за општински, меѓуопштински и меѓународен превоз на патници,
    • комби возила за превоз на патници до 8+1 седишта
    • возила за превоз на товар

Со преглед на возилото и потребната документација се проверува дали возилото ги исполнува техничките барања пропишани со националната законаска регулатива. За возилата кои ги исполнуваат пропишаните барања се издава Потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови
и техничките карактеристики на моторните возила.

 

Вести
05.09.2014

EURO4 товарни возила за увоз

Товарните возила кои се увезуваат во Република Македонија, покрај останатите технички барања, треба...


aрхива
Испитни места
Faq

Потребни документи за атест?

За да извршите атест на возило во Конформа, потребно е да поднесете барање на ...

Повеќе